Абе: Јапонија продолжува да ја поддржува работата на СЗО

За разлика од Јапонија, САД најавија дека ќе ја суспендираат финансиската поддршка за СЗО.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изрази благодарност до Светската здравствена организација за нејзиното ангажирање во борбата против коронавирусот и најави дека Јапонија и натаму ќе дава финансиска поддршка за работата на организацијата, пренесоа британските медиуми.

На прес конференција Абе изјави дека на лидерите од земјите на Г7 им кажал дека меѓународната заедница собрана околу СЗО мора да соработува во борбата против пандемијата на вирусот.

– СЗО е единствената меѓународна организација која може да одговори на предизвиците од пандемијата и Јапонија ќе понуди силна поддршка за нејзината работа – изјави Абе.

За разлика од Јапонија, САД најавија дека ќе ја суспендираат финансиската поддршка за СЗО. Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини СЗО за лошиот одговор на кризата. Тој и забележа на органазицијата дека не извршила поголем притисок врз Кина да биде потранспарентна кога вирусот се појави.

Оваа изјава на Трамп наиде на остра осуда од некои од замјите на Г7, како и од страна на неговите републикански сојузници во САД.

Абе не сакаше да го критикува Трамп, со кого е во добри односи, но ги повика лидерите на земјите од Г7 да ги разгледаат евентуалните реформи во СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот