Абдулразак Гурна добитник на Нобеловата награда за литература

Абдулразак Гурна
Абдулразак Гурна / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Добитник на годинашната Нобелова награда за литература е Абдулразак Гурна, роден во Занзибар, Танзанија.

Абдулразак Гурна има објавено десет романи и бројни раскази. Темата за прогонството се провлекува низ неговата работа. Почнал да пишува како 21-годишник во егзил во Англија, и иако свахили му бил прв јазик, англискиот станал негова литературна алатка, пренесува Гардијан.

Шведската академија рече дека наградата е признание за неговата „бескомпромисна и сочувствителна пенетрација во ефектите на колонијализмот“.

– Посветеноста на нобеловецот Абдулразак Гурна за вистината и неговата одбивност кон поедноставување се фрапантни. Неговите романи отстапуваат од стереотипните описи и отвораат поглед на културно разновидната Источна Африка, непозната за многумина во другите делови на светот, велат од Шведската академија.

До денес, биле доделени 13 Нобелови награди за литература од 1901 година

Четирипати, две лица ја поделија наградата за литература во истата година.

Досега, 16 жени се наградени со награда за литература.

Најмладиот нобеловец на литературата досега е Радијард Киплинг, кој имал 41 година кога бил награден, и е најпознат по „Книга за џунглата“.

Најстарата добитничка на Нобелова награда за литература пак, досега е Дорис Лесинг, која имала 88 години кога ја добила наградата во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот