Абдулменаф Беџети: Не е време за криптовалути

Европската централна банка не излегла со став за криптовалутите, така што е се уште рано, ние да зборуваме за нивно официјализирање, вели академик Абдулменаф Беџети, во изјава за „Слободен печат“, откако ВМРO-ДПМНЕ информираше дека веќе е изготвен предлог закон со кој се предлага официјализирање на криптовалутите.

– Се уште е рано да зборуваме за официјализирање на криптовалутите, а и Македонија се уште нема институционален капацитет за такво нешто – вели Беџети.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во предлог-закон, при трансакции со криптовалути да има ослободување од ДДВ, како и да се ослободат инвеститорите од данок на доход и од данок на добивка, академик Беџети вели дека овој предлог нема никаква логика.

– И трансакциите со криптовалути, практично се трансакции и тие би морале да подлежат на истите правила како и сите други трансакции – категоричен е Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот