Абдуљфета Алими, кој ги предаде клучевите од Собранието на 27 април, прв излегува од затвор

27 АПРИЛ КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК КРВАВ ЧЕТВРТОК
27 април / EPA/MAJA ZLATECSKA

Абдуљфета Алими кој на 27 април 2017 година, овозможи демонстрантите да влезат во Собранието, со тоа што ги предаде клучевите, денеска излегува од затвор.

Алими како вработен во обезбедувањето на Собранието ги предаде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски и Крсто Мукоски, кои ги отворија вратите и овозможија демонстрантите да упаднат во законодавниот дом. Алими е прв од 17-те лица кои се осудени за „Крвавиот четврток“, кој излегува од затвор. Тој пред судот тврдеше и дека го спасил од смрт тогашниот лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Како член на собраниското обезбедување, доби многу помала казна од другите обвинети за ова кривично дело. Судијката Добрила Кацарска тогаш појасни дека казната е помала оти го спасил Села, но сепак сторил кривично дело со тоа што ги предал клучевите од Собранието.

По Алими, следен на слобода треба да излезе е Александар Василевски-Нинџа, на 11 јуни 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот