Абазовиќ го поддржа Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора

Дритан Абазовиќ/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Главниот одбор на Граѓанското движење УРА на техничкиот премиер Дритан Абазовиќ денеска го поддржа Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето за Европа, за вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 2 април.

Движењето УРА ги покани сите свои членови и симпатизери да гласаат за Милатовиќ на второто изјаснување.

„Победата на Јаков Милатовиќ ќе означи дефинитивен крај на владеењето на режимот на Ѓукановиќ во Црна Гора, што трае повеќе од 30 години. Со тоа целосно ќе се постигне една од нивните програмски цели прокламирани во моментот на формирање“, се наведува во соопштението на УРА.

Од УРА наведуваат дека логистички и во секоја друга смисла ќе му стојат на располагање на Милатовиќ и неговите стручни лица за победата над Ѓукановиќ да биде што поубедлива.

„Сето тоа за што се залагавме како партија, за изградба на модерно општество, сега се случува во Црна Гора. Фокусот веќе не е на минатото туку на напредокот и тоа е огромна сатисфакција. Заедно со нашите партнери успеавме целосно да ја покажеме глупоста на дискурсот што ДПС го прошири и со тоа остана на власт“, ​​соопшти УРА.

Тие посочуваат дека сите приказни за поделеност, омраза и нетрпеливост кои се уште се туркаат од таборот на Ѓукановиќ паѓаат во вода и се уриваат како куќа од карти.

„Време е за нова, модерна Црна Гора, прва следна членка на Европската унија, а УРА ќе продолжи да го дава својот придонес на тој пат“, се наведува во соопштението на УРА

Кандидатот за претседател на Црна Гора од Движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ изјави дека претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ во првиот круг од претседателските избори „го достигнал максимумот“ и оти е убеден дека тој ќе извојува голема заедничка победа во вториот круг.

Тој вчера го обвини Ѓукановиќ дека „организирал физички напад“ врз него.

Милатовиќ го обвини противкандидатот за претседателските избори Ѓукановиќ дека организирал физички напад врз него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот