Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател

Дритан Абазовиќ/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат.

Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има.
Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење.

„Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама”, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот