Абазовиќ: Одговорот од партијата СНП го чекаме до недела

Дритан Абазовиќ/ Фото: ЕПА

Мандатарот за состав на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ од движењето УРА, изјави дека очекува од партијата на србите  СНП до недела да одлучи дали ќе биде дел од новата влада.

Тој рече дека иако СНП до тогаш не донесе одлука, не е сè готово и оти ќе има простор за таа партија бидејќи, како што рече, важно е да има европско мнозинство кое ќе ги деблокира процесите.

Како што рече Абазовиќ, приказната за рехабилитацијата на ДПС е неоснована.

Тој наведе дека граѓаните треба да ги почекаат изборите во Беране, Улцињ и уште 10 општини, а потоа да се види дали ДПС се враќа.

Тој изјави и дека во овој момент е изнуден концептот за малцинска влада.

– СНП нема ништо против концептот, туку им треба одлука од партиските органи. Ќе разговараме со пратениците на ПзП и Миодраг Лекиќ. Секој нека одлучи што е најдобро. Ние ќе ја водиме нашата политика автономно, изјави Абазовиќ за ТВ Вијести.

Тој вели дека СНП е важна во контекст на создавање мнозинство за деблокирање на процесот и создавање европско мнозинство.

– Очекуваме одлука за три дена. Не значи дека вратите им се затворени ако не го направат тоа, повтори Абазовиќ.

Абазовиќ рече дека новата влада најверојатно ќе има од 16 до 18 ресори, а негова идеја е да формира министерство за европски прашања. Тој рече и дека бројот на ресорите зависи од бројот на субјекти кои ќе ја формираат новата влада.

– Црна Гора мора да оди напред, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот