Абазовиќ го информирал Обвинителството за пронајдената опрема од дубровничкиот аеродром Ќилипи

Дритан Абазовиќ/ Фото: ЕПА

Опрема за која постои сомневање дека е украдена од дубровничкиот аеродром Ќилипи во периодот 1991-1992 година е пронајдена при попис на имотот на аеродромот во Црна Гора (АЦГ), изјави премиерот Дритан Абазовиќ, додавајќи дека за тоа е информирано и надлежното обвинителство.

Абазовиќ на Фејсбук изјави дека опремата „завршила во Обвинителството“.

„По 30 години, благодарение на менаџментот на АЦГ, при попис на имотот на таа државна компанија, пронајдена и евидентирана е опрема за која постои сомневање дека е украдена од аеродромот Чилипи, при нападот на Дубровник во 1991-1992 година, најсрамните страници од црногорската историја напишани од тогашното раководство“, рече Абазовиќ.

Според него, за разлика од претходните влади, оваа не бега од минатото, туку се соочува со него за идните генерации да не ги повторуваат истите грешки.

Абазовиќ рече дека водат транспарентна политика, исправаат бројни неправди и извлекуваат важни историски лекции.

„За сето ова денеска е известено надлежното обвинителство, а за тоа МНР преку истиот официјален канал ќе ги информира колегите од Хрватска“, изјави Абазовиќ.

Тој се заблагодари на раководството на АЦГ, предводено од претседателот на Управниот одбор Елдин Добарџиќ, извршниот директор Владан Драшковиќ и неговиот заменик Петер Радуловиќ, за нивната посветена и одговорна работа.

„За разлика од своите претходници, оваа влада ја води Црна Гора на вистинскиот пат“, рече Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот