Абазовиќ: Законот за слобода на вероисповед може да се смени за пет минути

Изминатите денови во Црна Гора се почесто се зборува за Законот за слобода на вероисповед, а наводно токму тој закон е спорната точка во евентуалниот договор меѓу партиите победнички на парламентарните избори, пишува Недељник.рс.

УРА која ја предводи Дритан Абазовиќ е мета на критики на идните коалициони партнери бидејќи наводно само тие не сакаат да се суспендира Законот за слобода на вероисповед.

Сепак, Абазовиќ за Нова.рс рекол дека се потребни пет минути за законот да иде сменет, така што на сите ќе им одговара.

„Луѓето кои треба да се договорат околу Законот за слобода на вероисповед веќе се договориле. Тоа ќе биде решено за пет минути. Законот нема да го подвлекуваме бидејќи тоа не е практично и тоа е единствената причина. Ќе бидат исфрлени сите спорни членови, што е во интерес на сите, па и на црквата“, рекол Абазовиќ.

Тој истакнал дека не е добро да се навлегува во полемика и препукувања.

„Не ни треба јавна полемика. Пробуваме да се договориме со партиите во коалицијата. Оптимист сум и мислам дека многу брзо ќе најдеме решение и ќе се договориме. Тоа е она што граѓаните го очекуваат од нас. Морам да нагласам дека нашите ставови се многу јасни и едноставни. Околу Законот за слобода на вероисповед се договоривме со цркавата и тоа ни е најважно. Во потполност го подржувам Кривокапиќ и меѓу нас нема конфликти, што е најбитно. Целата приказна со законот е готова – решена“, нагласува Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот