Абазовиќ: Ова се „породилните болки“ на демократијата

Тој повика на ублажување на тензиите, на мир и истакна дека треба да се почитуваат основните универзални човечки принципи, на љубов и разбирање и избегнување на сите провокации.

Лидерот на црногорската коалиција „Црно на бело” Дритан Абазовиќ денеска апелираше до граѓаните на Плевље, по вчерашните немири во овој град, дека нема причина за конфликти и дека секој треба да се обиде да испрати силна порака за толеранција.

Плевље, како и Црна Гора, е дом на сите црногорски граѓани и никој од чесните и честити луѓе во нашата земја не треба да се плаши од било кого, кажа тој.

-Единствениот страв во оваа земја треба да го имаат луѓето кои го прекршиле законот, нагласи Абазовиќ, додавајќи дека нема потреба никој да се чувствува загрозен.

Тој повика на ублажување на тензиите, на мир и истакна дека треба да се почитуваат основните универзални човечки принципи, на љубов и разбирање и избегнување на сите провокации.

Абазовиќ во Плевље повтори дека не треба да се прават нереди и на граѓаните им порача: „Ако славете, славете со семејствата”.

Тој уште кажа дека во Црна Гора има ниско ниво на политичка култура и дека сето ова се породилните болки на демократијата и дека се надева дека секоја следна промена ќе мине полесно и без поголеми проблеми.

Во овој момент сите погледи се вперени во црногорскиот политичар Дритан Абазовиќ, кој и донесе на опозицијата историска предност – можноста за формирање влада во која нема да биде ДПС, по цели 30 години, односно да го турне во опозиција Мило Ѓукаковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот