Абазовиќ: Ми беа понудени 21 милион евра за Ѓукановиќ да не биде соборен од власт

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ, кој во новата црногорска влада е предложен за потпретседател, најверојатно за безбедност, изјави дека му биле понудени 21 милион евра да не коалицира со други две изборни листи со цел да се собори од власт ДПС на Мило Ѓукановиќ.

Сепак Абазовиќ не сакаше да открие кој му ги понудил парите.

Тој тврди дека добивал понуди од сите страни и од „некои кланови”, но одби да каже кој и што му нудел.

– Вистина е дека добивав понуди од некои кланови. Не сакам од себе да правам жртва. Имам големи притисоци бидејќи влогот е огромен, кој го добивме по изборите. Но, не се чувствувам небезбедно, изјави синоќа Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот