Абас покренува иницијатива за воспоставување меѓународна заштита за Палестинците

Махмуд Абас/ фото: МИА

 Палестинскиот претседател Махмуд Абас планира следниот месец да покрене иницијатива за обезбедување меѓународна заштита на Палестинците од израелски напади и кршење на палестинските права и слободи, јавува Анадолија.

Портпаролот на Кабинетот на палестинскиот претседател Набил Абу Рудеине за палестинското радио изјави дека Абас ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации со информации за иницијатива со цел обезбедување меѓународна заштита за палестинскиот народ и нивната борба за независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим и нејзините граници од 1967 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот