Абас: Нема мир на Блискиот Исток се додека страдаат Палестинците

Договорите за нормализирање на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин нема да доведат до мир на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Тој истакна дека подолжуваат страдањата на Палестинците.

– Условите за постигнување на мир на Блискиот Исток се САД и Израел да го признаат правото на палестинскиот народ да создаде независна држава со главен град Источен Ерусалим, како и да биде решено прашањето со палестинските бегалци, посочи Абас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот