АБА2: „Златни“ поени на Харис за важна победа на МЗТ!

druga.aba-liga.com/MZT/Petr Stojanovski

Во својот 10 натпревар сезонава во втората АБА лига составот на МЗТ Скопје со 89:97 (24:19, 22:27, 24:24, 19:17) успеа да го совлада ОКК Нови Пазар.

Првите 10 минути од мечот во салата „Јане Сандански“ – Скопје поминаа во знакот на аеродромскиот клуб, но после првото полувреме гостите од Србија имаа минимална предност од 46:45.

Така беше и по третата четвртина, имаше неизвесна завршница до самиот крај на средбата каде што Ерон Херис се покажа како херој на македонските кошаркарски шампиони.

На 49 секунди до крајот Нови Пазар имаше позитива од 85:87, па израмни МЗТ преку Хиндс. Во наредните напади Србите не искористија шут за три преку А. Тодоровиќ, кој потоа имаше и неуспешен обид од поле.

Останаа уште девет секунди, непотребно Хиндс ја загуби топката, гостите имаа можност да заминат со бодовите од оваа средба, но за среќа на МЗТ непрецизен беше Вулиќ.

Американецот Малори направи фаул врз Харис кој ги реализираше двете слободни фрлања кои се покажаа како победнички. На спротивната страна Кораќ се обиде за три, но без реализација.

Први стрелци за „штрковите“ беа Е. Харис со 18 поени, потоа Б. Крстевски со 16 поени (шест скокови), додека А. Магдевски (шест скокови, осум асистенции) и Џ. Хиндс со по 14 поени. За српскиот претставник А. Тодоровиќ беше најефикасен со „дабл-дабл“ учибок од 23 поени и 11 скокови.

На табелата МЗТ се искачи на првото место со 18 бодови после осмата победа (трета по ред) во регионалното натпреварување, пред Борац (17) кој својот дуел од оваа рунда ќе го има в четврток против Динамик.

Наредниот дуел кошаркарите на тренерот Ѓорѓи Кочов ќе го имаат на 12. декември во Црна Гора на гостувањето кај Ловќен Цетиње.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот