АБА2: Стојановски го врати МЗТ на победничките патеки

фото: MZT Skopje Aerodrom/Robert Spasovski

Нашиот најдобар кошаркарски клуб со новите бодови во својот СЦ „Јане Сандански“ се врати на врвот кој го дели со српската екипа на Борац.

После убедливиот пораз во минатото коло во дербито од Борац, екипата на МЗТ Скопје денеска во рамките од 16. коло пред своите домашни навивачи триумфираше над Сутјеска со резултат 88:78 (13:18, 19:15, 27:15, 29:30).

Најефикасен и најзаслужен за новите бодови во регионалното натпреварување беше Дамјан Стојановски со 28 поени (5/7 за три), следен од Бојан Крстевски (шест скокови) и Ерон Херис кои имаа по 14 поени.

На спротивната страна за црногорскиот претставник како прв стрелец се одвои Никола Павличевиќ со 36 поени (шест скокови, по четири асистенции и украдени топки).

Ова е вкупно 12. триумф за македонскиот шампион сезонава за аеродромскиот клуб за моментно да го дели првото место на табелата со српскиот Борац со по 28 бодови.

Својот нареден меч „штрковите“ ќе го имаат на 21. јануари во Хрватска против составот на Сплит, а претходно на 18. јануари имаат првенствен дуел на свој терен против Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот