АБА2: МЗТ Скопје триумфираше против Широки Бријег

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

Денеска македонскиот кошаркарски шампион во рамките од осмото коло во АБА2 лигата ја забележа шестата победа сезонава, откако на домашен терен со 83:71 (25:18, 16:13, 24:18, 18:22) триумфираше против Широки Бријег.

Во победничките редови за популарните „штркови“ доминираа Џ. Хиндс со 17 поени (шест асистенции), а по 13 поени А. Магдевски (по шест скокови и асистенции) и Д. Стојановски (пет скокови).

На спротивната страна за босанскиот претставник по 13 поени имаа М. Дрежњак (четири скокови) и Ј. Батиниќ.

Играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов моментно се на втората позиција во генералниот пласман со 14 бодови, еден помалку зад водечкиот Борац.

Во наредното коло „металците“ ќе ги одмерат силите против српскиот Динамик на гостински терен, дуел кој ќе се одигра на 28 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот