АБА2 лигата со 14 екипи, пет турнири и плеј-оф

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја претставуваат Македонија сезонава во АБА2 лигата/Фото: kfsm.mk

Втората АБА лига оваа сезона ќе се игра на турнирите на Златибор, Осиек, Сараево, Бања Лука и Широки Бријег, а првиот турнир е закажан за 10 октомври, објавија организаторите на регионалното натпреварување.

Следната сезона 14 екипи ќе се натпреваруваат во АБА 2 лигата за пласман во повисок ранг: Борац Бања Лука, Ловќен, Хелиос, Младост Земун, МЗТ Скопје, Пелистер, Подгорица, Рогашка, Спарс, Сутјеска, Широки, Војводина, Осијек и Златибор.

Во лигашкиот дел од АБА 2 лигата во сезоната 2021/22 ќе има вкупно 13 кола поделени во пет турнири. Пласманот во плеј-офот ќе го обезбедат осумте најдобро пласирани екипи.

Датуми и домаќини на турнирите во АБА2 лигата:

Прв турнир (две кола): Златибор: 10.10.2021 година – 14.10.2021

Втор турнир (две кола): Осиек: 08.11.2021 – 12.11.2021

Трет турнир (три кола): Сараево: 13.12.2021 – 19.12.2021

Четврти турнир (три кола): Бања Лука: 17 јануари 2022 година – 23.01.2022

Петти турнир (три кола): Широки Бријег: 21.03.2022 – 27.03.2022

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО АБА 2 ЛИГАТА

1. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Младост Земун

Ловќен – Пелистер

2. КОЛО

Рогашка – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Сутјеска

3. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Пелистер

4. КОЛО

Осијек – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Војводина

5. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Хелиос

Широки – Пелистер

6. КОЛО

Спарс – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Борац БЛ

7. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Ловќен

Златибор – Пелистер

8. КОЛО

Пелистер – Младост

Сутјеска – МЗТ Скопје А.

9. КОЛО

МЗТ Скопје А. – Подгорица

Рогашка – Пелистер

10. КОЛО

Подгорица – Пелистер

МЗТ Скопје А. – Војводина

11. КОЛО

Широки – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Осијек

12. КОЛО

Хелиос – Пелистер

МЗТ Скопје А. – Борац БЛ

13. КОЛО

Златибор – МЗТ Скопје А.

Пелистер – Спарс

Видео на денот