АБА2 Лига: Работнички немаше сили за херојски пресврт против Борац

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на Работнички загубија од Борац бања Лука со 77:82 во рамки на 11. коло од АБА2 лигата иако имаа шанси да дојдат до голема победа. Тимот од Градски парк во финишот имаше можност за победа иако во третата четвртина имаа негатива од дури 22 поени (46:68).
Првата четвртина помина во израмнета игра на двете екипи со мала предност на Борац (17:20). Но, малиот фонд на играчи на Работнички, Николовски и Балмазовиќ не се дел од екипата на турнирот во Златибор, се одрази на играта во втората и третата четвртина.
Борац на одмор имаше двоцифрена предност од 32:46, а во третата четвртина таа се зголеми и на 22 поени (46:68). Но, кога сите помислија дека е готово, кошаркарите на Работнички
заигра далеку подобро и во последната четвртина со серијата од 14:2 дојде до само минус шест (64:70). Предноста на Борац се намалуваше и во последната минута, Работнички имаше можност да слави, со поените на Бундовиќ поведе до 77:76. Но, Танасковиќ погоди тројка за Борац, по што Мираковски побара тајмаут. Неговите кошаркари имаа можност да израмнат, но Мулалиќ и Торнтон беа непрецизни по што Кнежевиќ од линијата за слободни фрлања му донесе предност на противникот од три поени (77:80) на 16. секунди до крајот. Во последниот напад, Питс промаши тројка за израмнување по што Танасковиќ од линијата за слободни фрлања ја завери победата на Борац Бања Лука.

Питс беше најпрецизен кај Работнички со 26 поени, Бундовиќ даде 18, а Торнтон 16 поени, додека кај Борац Танасковиќ постигна 22 поени. Следниот натпревар зРаботнички ќе го игра в четврток против словенечкиот Хелиос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот