АБА2 Лига: МЗТ Скопје во финишот остана без победата над Младост

фото: druga.aba-liga.com/драгана стјепановиќ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз го завршија настапот на „меурот“ во Сараево во АБА2 лигата. „Металците“ во последниот натпревар на турнирот во Сараево загубија од Младост со 75:82 и пропуштија можност да остварат три максимални три победи.
Победникот беше одлучен во самиот финиш, откако во првите три четвртини и двете екипи имаа свои моменти. Првата четвртина му припадна на Младост со 13:18, за МЗТ Скопје да возврати во втората четвртина која ја реши во своја корист со 24:12, за резултатската неизвесност да ја врати српскиот тим во третата четвртина (17:27).
На две минути до крајот, МЗТ Скопје со поени на Тарнер поведе со 75:72 по што следеа поени на Игбану од линијата за слободни фрлања и на Мичек кој погоди тројка и на 26. секунди до крајот му донесе предност на Младост од 75:77. Во следниот напад, Олуџоби погреши, направи чекори и му ја подари победата на Младост.

Токму трагичарот Олуџоби со 18 поени беше најпрецизен во редовите на МЗТ Скопје, а 14. поени даде Мекиќ, додека кај Младост Милосављевиќ постигна 17 поени, а Гомбулд 14 поени.
По десет кола во АБА2 лигата, МЗТ Скопје има скор од шест победи и четири порази со кои се наоѓа на делба на четвртата позиција на табелата и речиси е извесно дека ќе обезбеди пласман во плејофот.
Вториот македонски тим во АБА2 лигата, Работнички се наоѓа на делба на 10. место на табелата со скор од три победи и седум порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот