АБА2 лига: „Македонското дерби“ на стартот на новата сезона – ќе се игра на Златибор

Пелистер и ТФТ ќе ја претставуваат Македонија во АБА 2 лигата/фото: kfsm.mk

Отворањето на новото издание на АБА 2 лигата ќе биде на 17 октомври, на добро позната локација – Златибор, Србија.

А жрепката на натпревaрувачките броеви одлучи на српската планинска убавица уште во првото коло да го видиме дуелот на двата македонски претставници во ова натпреварувaње – Пелистер и ТФТ.

Средбата е закажана за првата вечер од новата сезона во второто, според квалитет, јадранско натпреварување, а стартува од 21.00 часот.

За разлика од последните сезони на првиот собир на Златибор (од пет планирани во текот на регуларниот дел) ќе бидат одиграни само две рунди од планираните 13.

Во втората, дебитантот во оваа конкуренција, екипата на ТФТ, на 19 октомври (од 18.00 часот), ќе ги одмери силите со црногорска Сутјеска, а три часа подоцна (21.00 часот) битолски Пелистер ќе игра против словенечкиот Шентјур, кој исто така е нов учесник во оваа конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот