АБА Лига: Селекторот на кошаркарите ја растури Ц. Звезда и обезбеди мајсторка

фото: aba-liga.com/

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ кој ја предводи и екипата на Игокеа, оствари голема победа во плеј-офот во АБА Лигата против Црвена Звезда.
Игокеа славеше со 81:68 и израмни на 1:1 во победи во полуфиналната серија, а со тоа се избори за мајсторка која ќе одлучијај кој ќе игра во финалето.

Бајиќ одлично ја постави тактиката, неговите кошаркари одиграа фантастично во одбраната, ги запреа најдобрите играчи на Црвена звезда, Лојд и Волден, и „црвено-белите“ ги оставија на само 31 постигнат поен во првото полувреме што беше одлична најава за победата. Предноста од 14 поени на полувремето (45:31) кошаркарите на Игокеа ја одржуваа до крајот на натпреварот и на крајот славеа со конечни 81:68 со што се изборија за мајсторка која ќе се игра за четири дена.
Клемонс со 18 поени и Атиќ со 17 беа најдобри кај Игокеа, додека во редовите на Црвена звезда се истакна Добриќ со 17 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот