АБА лига: МЗТ Скопје во група со Црвена звезда

фото: https://druga.aba-liga.com/Gasper Papez

Јуниорската екипа на МЗТ Скопје Аеродром од утре до недела, во Задар, како единствен тим од АБА2 што доби покана за учество, ќе настапи на полуфиналниот турнир од АБА У19-лигата и тоа во исклучително силна група, заедно со Црвена звезда, Цедевита Олимпија, Копер Приморска, Морнар и тимот на домаќинот.

Двете најдобро пласирани од овој состав, заедно со првопласираните од групата што ќе се игра во Белград, а во која ќе се појават Партизан, Будуќност, Мега, Игокеа, Крка и Цибона, ќе се најдат на финалниот турнир следната година, за кој домаќинот дополнително ќе биде одреден.

„Сино-белите таленти“ отпатуваа со надеж достојно да го претстават клубот и македонската кошарка во целост, со желба за надигрување, но и собирање драгоцено искуство во пресметките со најталентираните на реномираните тимови од регионот.

Најголем дел од нашиот тим го сочинуваат играчи кои настапуваат за МЗТ Скопје УНИ Банка во Првата лига, а екипата ќе биде предводена од Горан Крстевски. Во составот за турнирот во Задар се најдоа: Андреј Андоновски, Никола Арсиќ, Виктор Исајловски, Никола Кацарски, Суад Карталовиќ, Теодор Милевски, Дарио Митевски, Никола Орлов, Виктор Ташоски, Славко Трајковски, Марко Величковски и првотимецот Љубиша Димитровски.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК (28 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Морнар (18 часот)

ПЕТОК (29 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Задар (11.45 часот)

МЗТ Скопје Аеродром – Ц. Звезда (20.15 часот)

САБОТА (30 ноември)

МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита Олимпија (11.45 часот)

НЕДЕЛА (1 декември)

МЗТ Скопје Аеродром – Копер Приморска (11.45 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот