АБА Лига: Црвена звезда го доби неизвесното вечно дерби со Партизан

фото: АБА лига

Големото дерби во АБА лигата помеѓу Партизан и Црвена звезда заврши со триумф од 85:86 на „црвено-белите“ кои го задржаа максималниот скор по осум кола.

Од друга страна Партизан кој има скор од четири победи и четири порази, на крајот може да жали бидејќи Мекинтаер го промаши шутот за победа и му го нанесе првиот пораз на тренерот Сашо Филиповски откако седна на клупата.

Кошаркарите на Црвена звезда подобро го започнаа натпреварот, а посебно беа подобри во шутот за три поени и во воведните минути постигнаа четири тројки кои им донесоа предност од 16:5. Кошаркарите на Партизан никако не можеа да влезат во шутерски ритам за три поени, но надополнија со офанзивниот скок кој ги врати во резултатска неизвесност и на крајот од првата четвртина имаа негатива од само три поени (19:22).

На полувреме се замина со двоцифрена предност за „црвено-белите“ (40:50) благодарение на одличниот шут за три поени.
Во вториот дел продолжи шутерската серија на гостите кои за 30 минути игра шутнаа 25 тројки и погодија 14 за во последните 10 минути да влезат со предност од девет поени (65:74). „Црно-белите“ со добра игра во одбраната успеаја да ја намалат предноста на големиот ривал по што во последните две минути од натпреварот влегоа со минус два (82:84) благодарение на поените на Пејџ и Мекинтаер.

По тајм-аутот на Обрадовиќ, Црвена звезда постигна поени преку О’Брајант, но Загорац погоди тројка на 30 секунди до крајот и го доведе мечот во неизвесна завршница. Рочести потоа го промаши шутот за три поени, а но последниот напад Партизан имаше шанса за триумф, но Мекинтаер беше себичен реши самиот да го заврши нападот по што промаши и играчите на Црвена звезда можеа да започнат да слават.

Најдобри во редовите на „црвено-белите“ беа Лојд со 18 и Волден со 16 поени, додека кај „црно-белите“ Рашон Томас постигна 19 поени, а Мекинтаер 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот