АБА ја потврди казната за МЗТ Скопје

фото: кк мзт скопје аеродром

Македонскиот кошаркарски шампион ќе мора еден наптревар да игра пред празни трибини.

Исто така МЗТ Скопје ќе мора да плати и 15.001 евро во касата на АБА2 лигата поради пропустите во организацијата при натпреварот против Сутјеска.

МЗТ Скопје поднесе жалба на првичната одлука на АБА2 лигата, но денеска Комисијата за Апелација ја потврди казната.

„Поради недоволна организација на мечот од 16. коло во АБА2 меѓу МЗТ Скопје Аеродром и
Сутјеска, одигран на 15 јануари, МЗТ Скопје е казнет со еден натпревар како домаќин пред празни трибини и парична казна од 15.001 евро. Комисијата за Апелација составена од претседателот Боштјан Коритник, Крунослав Штенгл и Милован Звијер едногласно ја потврди одлуката на Саша Павличич – Бекиќ“ стои во соопштението на АБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот