АБА 2 лига: Плеј-офот за ТФТ е далеку, само четири поени за една четвртина против Широки

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на ТФТ го одиграа и вториот натпревар во „балонот“ во Бања Лука во АБА 2 лигата.

ТФТ се соочи со екипата на Широки против која имаше сосема солидно прво полувреме и водство (41:38), но и очајно второ, во кое дадоа само 20 поени, и по кое запишаа уште еден пораз, седми во девет одиграни кола од регионалното натпреварување.

Само четири поени даде ТФТ постигна во третата четвртина, а противникот дури 22, и практично во тие 10 минути во кои Широки направи серија од 18:0 се покажаа како решавачки.

Откако влегоа во голем минус играчите на ТФТ не можеа да се вратат назад во натпреварот и нов пораз кој ги оддалечува од пласман во ТОП 8 конкуренцијата, онаа која има шанси преку плеј-офот да стигне до елитната АБА лига.

А шанса за поправка на впечатокот на овој турнир во Бања Лука, македонскиот кошаркарски клуб ќе има за два дена, в сабота кога од 12.00 часот ќе игра против „аутсајдерот“, Вредноснице Осијек од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот