АА: Осуда за говорот на омраза на „Комитите“ во Скопје и Бугарите на Деве Баир

Алијанса за Албанците го осудува говорот на омраза и инцидентите предизвикани во центарот на Скопје од страна на „Комитите”, како и навредите од некои бугарски државјани упатени кон припадниците на полицијата на РС Македонија на граничниот премин Деве Баир.
Ваквата ескалација не придонесува за релаксација на односите меѓу двете земји и европската интеграција на Северна Македонија. Ваквите антиевропски сцени се срамни и од нив треба да се дистанцира политиката во Скопје и Софија.
Алијанса за Албанците апелира на итно смирување и умерено дејствување. Страните треба да ги решаваат недоразбирањата меѓу министерствата за надворешни работи, во европски дух и фокусирајќи се на спроведувањето на договорот за пријателство меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот