AA на Села реагираше на изјавата на Таравари: Не бе друже, научна фантастика е ем да си министер, ем градоначалник на Гостивар

Крилото на Алијанса на Албанците на Зијадин Села реагираше на вчерашната изјава на Арбен Таравари кој рече дека ќе стане министер ако деновиве се донесат законски измени со кои до редовниот термин за локалните избори в година, не би се одржaле избори за градоначалник во Гостивар и другите општини каде ќе се испразни првата општинска функција.

На Таравари му порачуваат користејќи ја често неговата изрека: „Не бе друже, не е вистина/научна фантастика е“.

„Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени. Со тоа, за неколку дена, законот ќе се промени и наместо предвремени избори на локално ниво, ќе имаме вршители на должност до редовните локални избори. Другите изјави се само за пропаганда и измама на соработниците. Ќе видиме уште еднаш дека од професори како Намик Дурмиши, заменик-градоначалник, на кои им припаѓа да ја водат Општина Гостивар, ќе биде побарано да се повлечат бидејќи не се соодветни за ВМРО. *Не бе друже, не е вистина/фантастика е“, се вели во реакцијата од таборот на Села.

Инаку, Таравари е заеднички предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди за нов министер за здравство, кој пак во изјава за медиумите рече дека уште размислува дали да ја прифати таа функција или да остане градоначалник на Гостивар. Смета деке не е фер граѓаните сега повторно да излегуваат на избори и в година повторно на редовни избори.

„Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат“, изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Таравари: Ако треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот