АА: Мотивот за нападите од ВМРО-ДПМНЕ се одмазда по објавата на скандалот со јавен тендер

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Неодамнешните клевети и измислици на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кон Алијанса за Албанците немаат друг мотив освен одмазда по објавата на скандал со јавен тендер вреден 12 милиони евра што води до Мицкоски, велат од партијата.

Во соопштението се наведува дека се работи за злоупотребена набавка на биометриски систем за идентификација на гласачите којшто никогаш не профункционирал и кој Кренар Лога, членот на ДИК предложен за министер за правда, го откри и го пријави до Антикорупциската комисија и органите на правдата.

Државната комисија за спречување на корупција и Државната ревизија веќе отворија предмет за овој коруптивен случај на партијата на Мицкоски, а информирани се и амбасадите во земјава. ВМРО-ДПМНЕ има долго криминогено и коруптивно минато под водство на Груевски, од кое Мицкоски како негов штитеник на чело на ВМРО никогаш не се оградил, ниту во однос на шовинистичкиот наратив, ниту во однос на коруптивните методи, додаваат од партијата.

Фото: Алијанса за Албанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот