АА и Алтернатива најавуваат дека со 3.000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони

Фото: МИА

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот.  Комисијата е закажана откако претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.

Според координаторот на пратеничката група на АА и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите што, како што посочи, ќе бидат преку 3.000.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако денеска беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.

Од Собранието информираат дека за одлуката за продолжување на кризната состојба постапката е поинаква бидејќи за неа АА и Алтернатива имаат поднесно преку 400 амандмани.

Доколку се постигне некаков договор, тогаш би можело вечерва по завршување на седницата за пратенички прашања да бидат донесени овие закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот