АА и Алтернатива: Филипче и оваа Влада ги ограбуваат своите граѓани додека се претставуваат џентлмени пред српските државјани

Алијанса и Алтернатива

Владата која не стигна навремено да обезбеди вакцини против kовид-19 за граѓаните, а мал број вакцини обезбеди од Србија, која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградост кон граѓаните на Србија, сака да ги покрие својот срам и неспособноста за невремено обезбедување вакцини за да се спасат животи, обвинуваат од коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“.

– Од друга страна, имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на 2-3 километри од наплатните пунктови – велат од коалицијата.

 

 

Тие ја потсетуваат Владата на протестите на граѓаните од тетовското село Седларце, кои протестираа барајќи ослободување од патарината бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.

– Слични случаи има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн.

Неприфатливо е на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, а на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс во споредба со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево, кои секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградост на министерот Филипче и на оваа Влада, кои ги ограбуваат своите граѓани додека се претставуваат џентлмени пред српските граѓани – реагираат од коалицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот