AА-A бара да се отстранат патарините на патот Тетово-Гостивар

фото: Слободен печат

Коалиционата Алијанса за Албанците и Алтернатива побара од Владата на Северна Македонија да ги отстрани патарините на патот Тетово-Гостивар, бидејќи како што велат овој пат не ги исполнува стандардите на автопатот.

-Итно ослободете ги граѓаните од патарините на патиштата на таканаречениот автопат Тетово – Гостивар. Овој пат не ги исполнува основните стандарди на автопатот, нема алтернативни патишта, нема доволно ленти и да не ја спомнуваме безбедноста, за што сведочи и големиот број несреќи поради лошиот квалитет на патот. За ова, нема основна причина да се плаќа за користење на овој пат. Затоа, бараме да се отстрани патарините на патот до изградбата на автопат- се вели во писмената реакција на овие две партии.

Од ова коалиција додават дека, доколку Владата не донесе одлука во рок од една недела, тогаш нивната пратеничка група ќе му предложи на Собранието закон за укинување на патарините.

-Ако сегашната влада има тенденција да го игнорира ова барање што доаѓа од граѓаните, тогаш ве известуваме дека на секоја улица во земјата ќе се соочите со нив. Во исто време, ги покануваме граѓаните да го кренат својот глас – нгалсауват од опзициските парти на Албанците АА-А. Во врска со нивниот нивен предлог, овие две опозициони партии на Албанците започнаале и кампања на социјалните мрежи со мотото „Стоп на плачкањето на граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот