А Меланија каде е? Трамп целосно заборави на својата сопруга (ВИДЕО)

Фото: FOX 10 Phoenix

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изгледа дека ја заборави својата сопруга Меланија пред едно полетување со хеликоптер. Снимката од овој настан на Јутјуб ја објави каналот „Фокс 10 Феникс“.

На снимката може да се забележи како американскиот лидер сам тргнува кон државниот хеликоптер. Меѓутоа, Трамп на половина пат застанува и ја чека својата сопруга, со која потоа заедно влегуваат во хеликоптерот. Некои новинари претпоставија дека претседателот во првиот момент целосно заборавил на неговата „понежна“ половина.

Ова не е првпат Трамп да ја стави Меланија во незгодна ситуација. Во август, американскиот претседател го обвинија дека не ја почитува својата сопруга, поради тоа што на една снимка може да се забележи како тој трипати се удира по ногата, а за неколку секунди во негова насока тргнува Меланија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот