АМСМ апелира на внимателно возење: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци е можна појава на поситни одрони, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Крива Паланка, во Тетово, во Гостивар, во Дебар, во Охрид, во Струга, во Кичево, во Македонски Брод, во Штип, во Павлешници, во Кочани, во Смојмирово, во Демир Капија и на планинските премини „Стража“, „Ѓавато“ и „Буково“.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“, како што информираат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот