Здравствената агенција на ЕУ повика на повторно воспоставување на контролни мерки

Фото: Профимедиа

Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот” во некои земји.

Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува „Гардијан”.

По ублажувањето на ограничувањата за движење и другите мерки, ширењето на вирусот продолжи, соопшти агенцијата.

Понатамошно зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 и згрижување на болните, како и смртните случаи може да се ублажат доколку на време се воведат или зајакнат контролните мерки, нагласува агенцијата.

Земјите во кои сега има зголемување на бројот на случаи, после укинувањето на контролните мерки по привременото подобрување на епидемиолошката состојба, треба да размислат за повторно и постепено воспоставување на одредени мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот