Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.800.016 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 589.114, а оздравеле 8.197.400 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19, од кои 13 при направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени се зголеми на 3.939 лица.

– Во последното деноноќие во Албанија регистрани се 99 новозаразени со Ковид-19, оздравени 46, додека починале три лица. Со последно направените 425 во земјата направени се вкупно 34.175 тестови. Позитивни биле 3.851, од нив во списокот на оздравени се внесени 2.137 а починале 104 лица. Активни на болеста се 1.610 лица, од кои хоспитализирани се 102 од нив 14 во сериозна здравствена состојба.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа, потврдени се 60 новозаразени и еден смртен случај. Вкупниот број на спроведени PCR-тестови во Црна Гора, вклучително и анализите спроведени во Германија, е 28.221, соопшти Институтот за јавно здравје. Во последните 24 часа се анализирани 477 примероци за новиот коронавирус.

– Нови 777 случаи на заразени се регистрирани во Романија во изминатите 24 часа. Досега се заразени вкупно 35.003 лица во Романија, а 1.971 лица починале од вирусот. На интензивна нега се лекуваат 216 пациенти.

– Во Словенија во изминатите 24 часа биле тестирани 1.032 лица, од кои се регистрирани 19 нови случаи. Хоспитализирани се 18 пациенти заразени со Ковид-19, а еден од нив е на интензивна нега. Досега, речиси 1.900 луѓе се заразени во Словенија, а 111 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот