Трамп на Твитер: Училиштата мора да се отворат на есен

Фото: Профимедиа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека училиштата во САД на есен мора да ги отворат своите врати за учениците.

– Училиштата мора да се отворат на есен, напиша Трамп на Твитер.

Светските агенции коментираат дека сè уште не е јасно како американскиот претседател ќе ги принуди властите на сојузните држави да ги отворат училишта и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.

Училиштата во САД претежно се во надлежност на владите на сојузните држави и локалните власти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот