Безос го урна и сопствениот рекорд: Светската економија се урива, а најбогатиот уште побогат

Фото: МИА

Безос оваа недела го надмина сопствениот светски рекорд кој го држеше пред разводот од сопругата Мекензи.

Светската економија се урива, но Џеф Безос, сопственик на „Амазон“, е се побогат –  неговиот имот моментално вреди 172 милијарди долари, објави агенцијата Блумберг.

Вредноста на акциите на „Амазон“ за година дена порасна за 56 отсто.

„Амазон“ имапе корист од големиот пораст на купувањето преку интернет во текот на пандемиајта од коронавирус.

Безос оваа недела го надмина сопствениот светски рекорд кој го држеше пред разводот од сопругата Мекензи.

Двојката минатата година се разведе по 25 години брак. Таа доби 25 отсто од акциите на „Амазон“, кои тогаш двојката ги поседуваеш, што е околу четири отсто удели во фирмата.
И нејзиното и неговото богатство растат – поранешната жена на Безос сега е „тешка“ 57 милијарди долари и таа е 12-та најбогата личност во светот. За само година дена нејзиното богатство е зголемено за 54 отсто, односно речиси 20 милијарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот