Како изгледа луксузната вила во која Нејмар се наоѓа во самоизолација (ВИДЕО)

Фудбалерот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Нејмар, времето во карантин поради коронавирусот го поминува во татковината.

Нејмар кој е сопственик на најголемиот трансфер во фудбалот кога пред три години за сума од 222 милиони евра од Барселона премина во ПСЖ, обожува да купува недвижнини и  во еден од тие  имоти сега ужива во карантин.

Така времето во самоизолација го помина во луксузниот имот од 12.000 метри квадратни во Рио де Жанеиро. Бразилецот овој имот го купи во 2016 година кога за него издвои нешто повеќе од осум милиони долари.

На имотот има се што Нејмар ќе посака, а има и два терени, еден за тенис и еден за одбојка, а има и хелиодром.

Нејмар во куќата се наоѓа со луѓето кои се со него во Париз, сите по доаѓањето во Бразил мораа да поминат задолжителни 14 дена во карантин, по што фудбалерот на сите им понуди да останат со него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот