Помпео: Независноста на Косово останува клучна за стабилноста на регионот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, оцени дека косовскиот суверенитет и независност остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

Помпео напиша дека Косово, по неодамнешните парламентарни избори и формирање на влада, има нова можност „да го реализира полниот потенцијал, и за своите граѓани и во односите со соседните земји – соопшти американскиот Стејт департмент.

– Повеќе од десет години, нашите две држави имаат силно партнерство засновано на заеднички вредности. САД го поддржуваат Косово на патот кон интеграцијата во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на засилување на владеењето на правото, сузбивање на корупцијата и поттикнување на економскиот просперитет за сите граѓани на Косово – наведе Помпео во честитката по повод Денот на независноста на Косово.

„Охрабрени сме од неодамнешните настани кои сигнализираат чекор кон охрабрување на инвестициите, туризмот и комерцијалните и меѓучовечките врски со Србија, со што се поставува темел за понатамошен напредок кон сеопфатна нормализација во блиска иднина – наведе шефот на американската дипломатија.

Собранието на Косово на 17 февруари 2008 година ја усвои Декларацијата за независност на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот