Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители од 2001 година, најави пратеникот од партијата Драган Ковачки по оддавањето почит на загинатите бранители.

– Сакам како пратеник во Собранието на Република Македонија да кажам дека завршивме со подготовките на законските измени за обесштетување на семејствата на загинатите и ранетите бранители кои што не се обесштетени до ден денешен и во текот на оваа седница тој закон ќе го поднесеме, рече Ковачки.

Тој очекува широк консензус по ова прашање и, како што кажа, поддршка од СДС.

Ковачки изрази жалење што на оддавањето почит немало претставници од Министерството за одбрана од каде што требало да биде испратена делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот