97 нови случаи на ковид-19, пријавени четворица починати од изминатите денови

Ковид-амбуланта / фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022

Направени се 824 тестови: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-2, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–45, Жан Митрев (Филип Втори)-21, Авицена-18, Биотек-19, Систина-43, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-7, Генеа-19, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 336.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот