94 милиони евра за Србија пренаменети од ИПА фондовите

Вархеи во писмо, укажал на можноста и за дополнителна поддршка со обезбедување 57,6 милиони евра за проекти чија имплементација сè уште не започна да се пренасочи кон поддршка на здравствениот систем и надминување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирус.

Европската унија и одобри на Србија околу 94 милиони евра непотрошени средства од тековните проекти и Инструментот за претпристапна помош да ги искористат за спречување и сузбивање на последиците од коронавирусот, соопштија од српската Влада.

Од таму соопштуваат дека на 16 март српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ испратила писмо до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во кое бараше ЕУ да и овозможи на Србија да пренамени непотрошени средства од Инструментот за претпристапна помош за преземање мерки на сузбивањето на последиците од коронавирусот.

Во одговорот на ова писмо, како што соопштија од српската Влада, Вархеји напишал дека и дал налог на својата служба, со согласност на српската Влада, да ослободи околу 94 милиони евра од тековните проекти и проекти од ИПА фондовите кои досега не се реализирани.

Вархеи во писмото, укажал на можноста и за дополнителна поддршка со обезбедување 57,6 милиони евра за проекти чија имплементација сè уште не започна да се пренасочи кон поддршка на здравствениот систем и надминување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирус, се вели во соопштението од српската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот