92 возачи возеле со поголема брзина од дозволената

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Во текот на изминатиот ден (17.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 92 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи-почетници и седум возачи за сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи 19 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози и 42 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот