92-годишен фан од Уругвај го посети омилениот шпански клуб! (ВИДЕО)
Хозе Луис Идалго има 92 години, на 20-годишна возраст се пресели во Уругвај, седум децении во новата земја ги следеше резултатите, ги гледаше мечеви, новите генерации кои доаѓаа(т).
Атлетик Билбао е посебен клуб, кој со децении ѝ одолева на фудбалската глобализација, која, на спортски начин, го штити идентитетот на Баскија.
92 años de amor al @AthleticClub. #ElDíaDespués pic.twitter.com/HkKgtvDxjs
— El Día Después en Movistar+ (@ElDiaDespues) October 21, 2019
Сите ја знаат приказната околу тоа дека во Атлетик играат исклучиво Баскијци, а светот сега го запозна и човекот кој помина 10 илјади километри со цел уште еднаш во својот животот погледне натпревар во Билбао, на „Сан Мамеш“.
Негова желба беше да дојде на баскиската „катедрала“:
– Заминав одамна и далеку, но моето срце остана тука. Големата љубов никогаш не прекинува – рече Хозе Луис, кој беше облечен во „црвено-бел“ дрес како специјален гости на натпреварот против екипата на Ваљадолид.