90 отсто од запленетите цигари што наводно ги уништила владата на Абазовиќ се вратиле во шверц, тврди црногорскиот министер за одбрана

Фото: EPA/EFE

Министерот за одбрана на Црна Гора, Рашко Коњевиќ, денеска изјави дека постојат индиции дека во „медиумските перформанси” за уништување на запленети цигари, организирани од премиерот Дритан Абазовиќ и директорот на Управата за приходи и царина Раде Милошевиќ, десет отсто се навистина запалени, а 90 проценти биле шверцувани.

Милошевиќ пред два дена даваше изјава во полиција за исчезнувањето на дел од запленетите цигари кои требаа да бидат уништени.

Коњевиќ, кој денеска е сменет од функцијата координатор на безбедносните служби, истакна дека е незамисливо Милошевиќ да не знаел ништо. Тој исто така бара Специјалното државно обвинителство и други институции да проверат и утврдат дали Милошевиќ е политички покровител на шверцот на цигари или би „било пологично” тоа да е Абазовиќ.

Црногорскиот премиер неколку пати го обвини Коњевиќ дека тој е покровител на шверцот на цигари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот