9 –те работи кои ги прават жените со висока самопочит

Ниското самопочитување е тоа што не држи во лоши односи, што смета на новите односи и што не уништува одвнатре. Високото самопочитување, секако, не гарантира среќни односи, но помага подобро да се разбере она што го сакаш и заслужуваш, исто така дава сила да заминеш, ако тоа не го добиеш.

Прочитајте ги 9-те работи кои луѓето со висока самопочит ги прават поинакви во своите односи:

  1. Жената со самодоверба не анализира дали му се допаѓа на него-верува дека му се допаѓа

Луѓето со високо самопочитување веруваат дека се достојни за љубов и не се сомневаат во тоа дали некој таа љубов ја чувствува спрема нив. Тие знаат дека се добри и веруваат дека нивниот вистински човек тоа го гледа. Нивното самопочитување не зависи од тоа што мисли некој за нив. Затоа што таквата жена е убедена дека  му се допаѓа на мажот, а во односите може да биде овде и сега, уживајќи во моментот без страв и сомнеж.

  1. Сигурните луѓе сфаќаат дека во односите не успеале и тоа го прифаќаат

Но не поради тоа што направиле нешто погрешно, туку затоа што сите луѓе не одговараат едни на други, понекогаш двете личности се некомпатибилни. Никој од нив не прави ништо погрешно-едноставно тоа се случува. Сигурната жена тоа не го доживува лично, кога машкото не сака да ја продолжи врската.

  1. Жените со самодоверба поставуваат здрави граници

Високото самопочитување и здравите лични граници одат рака под рака. Тоа значи дека жената ги става своите потреби и емоции на прво место и не превзема на себе одговорност за туѓите потреби и емоции. Сигурната жена знае што ќе прифати а што не, што ќе дозволи, а што не, во врската. Таа ќе се однесува како што сака и мисли дека треба. Таа не ги крие своите особини за да изгради односи. Или мажот ќе ја сака таква или не, во спротивно не се согласува. Жената со здрави граници ќе си го поддржува својот живот, хоби, комуникации со пријатели и ќе биде во врска.

  1. Жените со самодоверба веруваат во своите одлуки

Тие можат да донесуваат самостојни одлуки и да бидат подготвени да се соочат со нивните последици. Луѓето со високо самопочитување не се сомневаат во своите постапки, тие само го прават тоа што го чувствуваат.

  1. Жените со самодоверба не се фалат себеси

Немаат потреба да му раскажуваат на целиот свет колку се добри. Само несигурните луѓе се чувствуваат недостојни, така што ги кријат своите пригушени чувства, фалејќи се со своите достигнувања. Жената која постепено се отвора, многу е попривлечна од жените кои веднаш се истакнуваат. Кога сметаш дека имаш вредност, не треба на никого ништо да му докажуваш.

  1. Жените со самодоверба преземаат одговорност

За своите постапки и емоции. Тие не окривуваат и не се срамат од својот партнер поради тоа ако се чувствуваат несреќно. Тие не се сметаат себеси за жртва. Сфаќаат дека нивното време е нивна одговорност. Како резултат на тоа, тие не остануваат во лоши односи, очекувајќи дека на некој волшебен начин нешто ќе се промени. Не ги обвинуваат своите бивши, превземаат одговорност за своите одлуки и ги користат грешките како прилика за да растат и да постанат подобри.

  1. Прифаќаат односи какви што се, а не такви какви би требало да бидат

Сигурните луѓе не бараат етикети, прстени или печат за да ги потврдат своите чувства. Тие можат да бидат во врски какви што се и да дозволат се да се одвива природно, без притисок и брзина. Ова не значи дека сигурната жена ќе остане со маж кој не моли. Но, тоа не треба да  го прави на одреден начин и во одредено време. Во секој случај, односите треба да се развиваат.

  1. Не остануваат во лоши врски

Тие не толерираат, кога не ги почитуваат и не ги ценат. Не се плашат да заминат, кога нешто не успева, не мислат дека не можат да најдат подобар. Тие можат веднаш да сфатат кога односите одат во погрешен правец и кога е најдобро време да заминат. Само несигурните луѓе трпат неприфатлив однос, спрема себе, бидејќи до некаде мислат дека заслужуваат. Но, кога ќе научат да се ценат себеси ги оддалечуваат сите оние кои не знаат да ги ценат.

  1. Бираат мудро

Сигурните луѓе ја користат главата и срцето кога бираат партнер. Сигурниот човек привлекува друг сигурен човек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот