9 соби, 16 бањи и шипки за стриптиз! Погледнете ја новата палата на Меган и Хари вредна 14,6 милиони долари (ФОТО)

Принцот Хари и Меган Маркл купиле вила од 18.000 метри квадратни во Монтесито, Калифорнија.

Вилата е оддалечена околу 140 километри од Лос Анџелес, а некои од нивните познати соседи се водителките Опра Винфри, Елен Деџенерис, глумецот Роб Лоу и режисерот Џорџ Лукас.

Наводно вилата претходно била продадена за 29 милиони долари, а Хари и Меган ја купиле за 14.650 милиони долари.

Вилата изгледа како палата – има 9 спални и 16 бањи, голем базен, кино, сала за вежбање, спа, библиотека, канцеларија, вински подрум, кујна средена во уметнички стил, соба за играње и забава, тениски терен, гаража за пет автомобили и големо игралиште.

Во салата за вежбање има и шипки за стриптиз, ама не е познато дали Меган и Хари ќе ги задржат или ќе ги отстранат шипките.

Погледнете како изгледа вилата.

Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот