84-годишна жена од Кичево може да оди во затвор, полицајци дома ѝ нашле две ловечки пушки

Фото: илустрација / МВР

Полицијата сподели информација од Кичево која говори за високиот интензитет на посветеноста и за јасните приоритети на МВР во борбата против нелегалното оружје, но и против криминалот во земјава воопшто. 84-годишна жена од градот добила кривична пријава откако лани полицајците во нејзиниот дом откриле опасно огнено оружје – две ловечки пушки.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(84) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 22.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои неовластено ги поседувала“, соопшти МВР за ова свое постигнување.

За кривичното дело за кое е осомничена 84-годишната жена, предвидена е казна затвор во траење од три до десет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот