ВИДЕО | Д-р Сопронов: Криминалците користат софицистицирана опрема, нема врата која не може да се отвори

Д-р Алексеј Сопронов/Фото: Слободен печат

Ако во екот на ковид пандемијата, граѓаните принудно седеа во своите домови, со раздвижувањето се активираа и крадците и разбојниците, па полицијата има полни раце работа со откривањето на сторителите на кражби, тешки кражби и разбојништва.

-МВР на Република Северна Македонија, Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција, поточно Единицата за имотни деликти и насилен криминалитет, преземаат мерки и активности во врска со сузбивање на потешки видови на кривични дела, како што се тешки кражби и разбојништва. Разликата помеѓу тешка кражба и кражба е секоја материја која што е е со сила или препрека е совладана, тоа е дел од тешката кражба. Разбојништвата се потежок вид на криминалитет, каде што можат да бидат извршени и со опасни орудија, вели изјави во Утрински брифинг д-р Алексеј Сопронов, инспектор во МВР, оддел за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал.

Според проф. д-р Сопронов во последните три години, заклучно со февруари годинава, овој вид на криминалитет е во пораст кај нас како и во другите земји. Криминалците оперираат со се пософитицирана опрема и често се организираат во групи.

-Нема врата која не може да се отвори. Се влегува и преку прозорците. Станува збор за минути. Прашање е за колку време ќе влезат. Сега може добар калауз да се набави и од „Али експрес“, криминалците користат софитицирана опрема. Користат и детектори за метал и на тој начин брзо го пронаоѓаат златото и накитот во становите, вели д-р Сопронов.

 

Но и МВР, посебно единицата за имотни деликти и насилен криминалет има успех во откривачката дејност при што од 10 кражби, се расветлени 8 до 9.

-Во Единицата за имотни деликти и насилен криминалитет работат исклучиво професионалци, кои што имаат долгогодишно работно искуство и коишто преземаат мерки и активности за откривање, расветлување и докажување на кривичните дела од овој вид на криминалитет. Тие ги истражуваат и модусот операнди на сторителите и вршат проценка за тоа како се извршени кражбите по што полесно се откриваат, додава д-р Сопронов.

Професорот открива дека во последно време на мета на крадците, освен пари, накит и злато се и предмети кои имаат историско значење, артефакти, па МВР има и специјална единица против недозволена продажба на артефакти. Кражбата на возила е намалена во однос на палежите на возила кои зачестија, вели д-р Сопронов кој додава дека МВР многу брзо, во рок од месец дена ги откри сторителите кои пред неколку месеци го запалија возилото на екс градоначалникот Шилегов при што пожарот зафати и уште две други возила на паркингот.

-Извршителите се лица од социјалниот живот кои се на работ на социјала и кои кога одат во затвор го „доусовршуваат“ своето знаење па стануваат дел од поголеми групи, се организираат подобро и така работат. Криминалот нема претензии, не познава етнички, национален предзнак, а основно начело се парите, тие се организираат добро, соработуваат со златари и во рок од 24 може да го претопат златото, вели д-р Сопронов.

Граѓаните може да се заштитат од кражби доколку кога се отсутни од своите домови не постираат фотографии на социјалните мрежи, бидејќи и крадците ги следаат ваквите информации кои наивно се објавуваат претежно на Фејсбук и Инстаграм.

-Единица за имотни деликти и насилен криминалитет превентивно делува преку социјалните мрежи , исто така граѓаните да внимаваат какви слики ставаат на социјалните мрежи. Кражбите може да се спречат и ако се постави видео надзор, што пак на МВР му помага да го открие крадецот дури и кога е маскиран, па затоа препорачуваме видео надзор, регулиран влез, секој вид на заштита која ќе ја преземат граѓаните ќе има ефикасност, вели Сопронов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот