83 санкции за брзо возење на автопатот Скопје – Тетово

Фото: МВР

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (25.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се 83 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Двајца возачи возеле дури над 70 километри на час над дозволеното, 27 возачи со над 50 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот